Ден без возила на фосилни горива 2019

05.02.2019

Како дел од своите активности за подигнување на свесноста и пошироката адаптација на електромобилноста, ЕВН учествуваше на настанот „Ден без возила на фосилни горива” во организација на ПроКредит банка. На паркингот од СЦ Борис Трајковски, беа презентирани искуствата и практиките на голем број македонски компании кои веќе располагаат со електрични возила. ЕВН го презенираше проектот за развој на електромобилноста, а учество земаа и ПроКредит Банка, МЕПСО, Македонски Телеком и дел од овластените застапници во Македонија кои нудат електрични возила како Порше и Тојота. Покрај изложбениот дел, настанот финишираше со јавна дебата за предизвиците и иднината на електромобилноста.