Електричен полигон 2018

20.09.2018

За време на европската недела на мобилност, ЕВН беше дел од одбележувањето преку учеството на т.н. Електричен полигон. Настанот беше во организација на граѓанската организација „Електромобилност Македонија“. Во рамки на настанот, ЕВН ги презентираше своите напори во доменот на електромобилноста на мини саемот на Машинскиот факултет во Скопје и потоа со своите елктрични возила зеде учество во електричниот конвој чие што дефиле заврши кај полначот на ЕВН пред Порта Македонија.

elektricen-poligon-(1).jpg