Станица за полнење во Скопје Сити Мол

12.03.2019

Скопје Сити Мол, најголемиот шопинг центар во регионот е првиот шопинг центар каде што е поставена станица за полнење на електрични и приклучни хибридни возила.
Со поставување на полначот во Скопје Сити Мол, ЕВН продолжува со ширење на националната мрежа на јавно достапни полначи за електрични возила која во моментов брои повеќе од 40 полначи. Полначот во Скопје Сити Мол, што се наоѓа во жолтата зона на подземната гаража, на сопствениците на електрични возила им нуди можност за бесплатно полнење и паркирање за време на престојот во шопинг центарот.
Со овозможување на бесплатно паркирање и полнење во иницијалиот период, Скопје Сити Мол и ЕВН заеднички прават мал, но значаен чекор кон понатамошна афирмација на електромобилноста во Македонија. Сите сопственици на електрични возила ќе може да ја користат станицата откако претходно ќе поднесат барање за електронска картичка за полнење и картичка за паркинг. Барањата можат да се поднесат во Скопје Сити Мол на е-маил адресата i@skopjecitymall.mk.
За повеќе информации сите заинтересирани можат да се обратат во контакт центарот на Скопје Сити Мол,на телефон 072/256-913.

Polnac-City-Mall.jpg