Нови брзи станици за полнење на бензинските Макпетрол во Неготино и Куманово
15.11.2024
Со гордост Ве информираме дека на бензинските Макпетрол во Неготино и Куманово се пуштени во употреба нови станици за полнење на електрични возила, со што се зајакнува инфраструктурата за електромобилност на територијата на земјата.
Двете станици се опремени со брзи полначи со моќност од 150 kW и тип на приклучок CCS, кој овозможува значително побрзо и поефикасно полнење на возилата, со што патувањето со електрични возила станува уште попрактично.
Овој проект е дел од соработката помеѓу ЕВН и Макпетрол, која предвидува поставување на десет брзи полначи на фреквентни локации ширум Македонија. Целта на оваа заедничка иницијатива е унапредување на инфраструктурата за е-мобилност и поддршка на одржливиот транспорт.
Локација Макпетрол Неготино
Локација Макпетрол Куманово
Со ова, бензинските на Макпетрол во Куманово и Неготино стануват дел од мрежата на стратешки поставени полначи, кои ја олеснуваат транзицијата кон еколошки транспорт.
Продолжуваме да го поддржуваме глобалниот тренд за намалување на јаглеродните емисии и да инвестираме во инфраструктура за електромобилност, градејќи подобра иднина за сите.
#Електромобилност #Макпетрол #ЕВН #ОдржливТранспорт