ЕВН Македонија на меѓународниот саем Енерго Технома 2025
03.11.2025
ЕВН Македонија оваа година беше дел од меѓународниот саем за енергетика и технологии „Енерго Технома“, кој се одржа од 27-30 октомври во СРЦ Борис Трајковски. Подготвени за иднината, на саемот ги претставивме најновите решенија и услуги што ја придвижуваат енергетската трансформација:
- Eлектромобилност - од полначи до целосна инфраструктура
- Енергетски консултантски услуги - експертиза и поддршка за развој и оптимизација на интегрирани енергетски решенија.
Посебна чест за тимот на ЕВН беше посетата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, како и амбасадорот на Австрија, неговата екселенција г. Мартин Памер.
Присуството на ЕВН Македонија на „Енерго Технома“ потврдува дека компанијата продолжува активно да инвестира во иновативни и зелени решенија што ќе овозможат почиста, поефикасна и посигурна енергија за заедницата и бизнисите.
Погледни видео




