Надградени е-полначи на две локации во Скопје: Лазар Личеноски 11 и кај Градско Собрание

20.04.2026

Ве информираме дека на локацијата📍Лазар Личеноски 11, Скопје е поставен нов брз DC полнач, кој го заменува досегашниот AC полнач.
Новиот полнач нуди поголема флексибилност и поддршка за повеќе типови возила, благодарение на трите достапни приклучоци:
🔌 CCS, моќност 100 kW
🔌 CHAdeMO, моќност 50 kW
🔌 Tип 2, моќност 22 kW

Истовремено, AC полначот на📍бул.Илинден бр.82 (Ц81), кај Градско Собрание е заменет со нов, помодерен AC уред.
 
Со овие активности продолжуваме да ја унапредуваме мрежата на полначи и да обезбедуваме побрзо, поефикасно и подостапно полнење за сите корисници.

Circontrol-Raption-100.jpg