Нов брз DC полнач во Струмицa – уште еден чекор кон одржлива иднина
10.11.2025
Со гордост објавуваме дека во рамките на нашата соработка со Макпетрол, на бензинската станица Макпетрол – Струмица (бул.Гоце Делчев бр.115) е поставен нов брз DC полнач за електрични возила со CCS конектор и моќност од 150 kW.
Локација Макпетрол Струмица
Овој нов полнач во Струмица ќе ги поттикне граѓаните и бизнисите да размислуваат поодржливо, ќе ја поддржи локалната заедница, и ќе ја позиционира Струмица како град кој чекори кон иднината и зелената мобилност.
Посетете го новиот е-полнач на Макпетрол – Струмица и станете дел од позитивната промена!