Нов брз полнач на бензинската станица Макпетрол во Битола
03.02.2026
Со големо задоволство објавуваме дека во Битола е поставен нов брз DC полнач за електрични возила, со CCS конектор и моќност од 150 kW – резултат на успешната соработка со Макпетрол. Ова е 7-миот од вкупно 10 планирани полначи кои се реализираат во рамки на ова партнерство.
📍 Локација на полначот: Макпетрол, ул. Прилепска бр.63 – Битола
Овој нов полнач во Битола не само што ја подобрува достапноста и удобноста за сопствениците на електрични возила, туку и претставува значаен исчекор кон почиста урбана средина и современи транспортни решенија.
Посетете го новиот полнач и приклучете се на новата ера на паметно движење. Заедно ја развиваме инфраструктурата што ја поддржува енергетската транзиција и иднината на електричниот транспорт.