Нов полнач за електрични возила во Сарај!

07.10.2026

Мрежата на ЕВН полнaчи за електрични возила продолжува да се проширува, со нова локација во општина Сарај.

Новопоставениот полнач со моќност од 22 kW, се наоѓа во непосредна близина на општина Сарај, на ул. 1, Сарај бр. 36 и е достапен за користење.

📍https://maps.app.goo.gl/tHMaBnKN2UWYmLSv9

На официјалното пуштање во употреба присуствуваа градоначалникот на општина Сарај, Мухамет Елмази  и управителите на ЕВН Снабдување, Беркант Шен и Роланд Циглер, со што ја одбележавме и соработката насочена кон создавање подобра инфраструктура за електромобилноста.
Со секоја нова локација, продолжуваме да придонесуваме кон поодржлива мобилност во нашата земја.

DSCF2470s.jpg

DSCF2449s.jpg

DSCF2409s.jpg