Со свеченото пуштање во употреба на новиот полнач во рамки на спортскиот центар ММ Спорт во Куманово, мрежата на полначи на ЕВН се проширува на уште една нова локација. Новиот полнач, со моќност од 22 kW, ќе овозможи полесно и попрактично користење на електричните возила. Со поставувањето на новиот полнач, Куманово сега располага со три локации во рамки на мрежата за полнење електрични возила на ЕВН , два полначи од 22 kW и еден брз DC полнач од 150 kW. 📍 Локација на новиот полнач: https://maps.app.goo.gl/KV3nu6sL2TriYLG1A Со унапредување на инфраструктурата за електромобилност, создаваме услови за поголема примена на електричните возила и поодржлив транспорт.