Три нови електрични полначи во Скопје, Аеродром станува уште позелена населба

25.11.2025

Со задоволство објавуваме дека во Скај Паркинг – Аеродром (бул.Јане Сандански, Скопје) се инсталирани три единечни електрични полначи за електрични возила, достапни за сите возачи кои се движат низ овој динамичен дел од градот.

Локација Скај паркинг Аеродром

Развивањето на локалната инфраструктура за полнење на електрични возила е од клучно значење за содзавање на одржлива урбана мобилност. Со новиот е-полнач во Аеродром овозможуваме полесно, побрзо и поефикасно движење – без бучава, без издувни гасови и со значително помал еколошки отпечаток.
Истовремено, потврдуваме дека одржливиот транспорт е дел од нашето секојдневие. Локалната заедница добива нова можност за поддршка на чистата енергија и еколошката свест, а Скопје чекори кон современ, одржлив и зелен град.