Обновена инфраструктурната мрежа на станици за полнење
03.11.2024
Со задоволство Ве информираме дека успешно е извршена замена на старите полначи за електрични возила со нови и помодерни уреди во Струмица, Гевгелија и Скопје Аеродром.
Оваа замена е дел од нашите континуирани инвестиции во унапредување на постоечката инфраструктурна мрежа за полнење на електрични возила. Новите полначи овозможуваат подобро корисничко искуство за сите возачи на електрични возила.
Со обновата на овие станици ја продолжуваме нашата заложба за поддршка на електромобилноста и одржливиот транспорт и ја зајакнуваме електромобилната инфраструктура на фреквентни и значајни локации.
Ова е уште еден чекор кон создавање цврста основа за електрична иднина, од која ќе имаат придобивки сите корисници на нашата мрежа на електрични полначи.