Поставени нови станици за полнење на електрични возила во Радовиш и Делчево

Во рамките на нашите активности за ширење на мрежата на електромобилност и истовремено заштита на животната средина, со задоволство ве информираме дека поставивме две нови модерни станици за полнење на електрични возила на следните локации:
 

  • Радовиш – ул.22-ри Октомври бр.8, веднаш до Центарот за култура Ацо Караманов
  • Делчево – ул.Методија Митевски Брицо бр.7, на паркингот кај градски парк

Со овие инвестиции ја подобруваме мрежата на електрични полначи во источниот регион на државата и даваме поддршка на користењето електрични возила.

AC-Charger_s-(2).png