Пристигнаа најмоќните полначи за електрични возила во Македонија досега!
18.06.2026
Со задоволство ве информираме дека се пуштени во употреба два нови брзи DC полначи со моќност од 180 kW, лоцирани во Кисела Вода – Скопје и Кичево, поставени на бензинските станици на Макпетрол.
Овие уреди претставуваат најмоќни полначи за електрични возила инсталирани во Македонија досега, овозможувајќи значително побрзо полнење и поголема удобност за сите корисници на електрични возила.
Со ова проширување, мрежата за електромобилност продолжува да се развива и да нуди сè подобро искуство за возачите кои се одлучуваат за одржлив транспорт.
Локации:
📍Кисела Вода
📍Кичево
Со секоја нова локација, ја правиме електромобилноста подостапна, побрза и поудобна.
