Две нови локации за полнење на електрични возила!
12.08.2026
Мрежата за полнење продолжува да расте – со задоволство информираме дека во функција се пуштени два нови AC полначи, со кои електромобилноста станува уште подостапна во Струмица и Пробиштип.
📍 Струмица, ул. „Братство Единство“ бр. 63
На новата локација во рамките на Symbol Retail Park, Вашето електрично возило може практично да се полни додека сте на шопинг, на кафе или завршувате обврски.
📍 Пробиштип, ул. „Павел Шатев“ бб
Со поставувањето на новиот AC полнач, Пробиштип за првпат добива јавна локација за полнење на електрични возила.
Продолжуваме да ја шириме мрежата на полначи и да овозможуваме сè поголема достапност на електромобилноста низ Македонија.
