Цели за одржлив развој

Со имплементацијата на серија активности за развој на електромобилноста, ЕВН како одговорна компанија се придружува кон голобалните напори за постигнување на целите за одржлив развој т.н. SDGs, кои се основа на „Агендата 2030“. Агендата претставува патоказ за колективните напори за подобра иднина, а донесена е во 2015 од страна на сите земји членки на Обидинетите нации. За да се постигнат посакуваните ефекти и да се исполнат целите за одржлив развој, неопходен е активен ангажман од сите чинители во општеството - институции, бизниси, граѓански сектор и самите граѓани.

Со поставување на станиците за полнење на електрични возила во повеќето урбани средини во државата, ЕВН придонесува кон целта бр. 11 - Одржливи градови и заедници.

Искористувањето на електричната енергија наместо фосилните горива во сообраќајот, придонесува за намалување на аерозагадувањето, како и помалку негативни ефекти во животната околина. Ова е во функција на целта бр. 13 - Справување со климатските промени , но и целта бр. 7 - Достапна и чиста енергија. Дополнително, како дел од причините за одвојување на оваа цел, е тоа што електромобилноста поттикнува и користење на обновлива или чиста енергија. Имено, бизнисите и домаќинствата кои донеле одлука да користат електрична енергија за превоз имаат силна мотивација да ја рационализираат сопствената потрошувачка на електрична енергија. Таа рационализација најчесто подразбира и воведување на производство на обновлива енергија за сопствени потреби, како на пример фотоволтаични системи во рамки на објектите на корисниците.

Користењето на електричната енергија за мобилност е во постојан пораст во светот. Со интензивирање на користењето на електричните возила, се поттикнуваат иновации во креирање на понуда на разновидни решенија за овој сегмент. Поради овие причини, напорите на ЕВН придонесуваат и кон целта бр. 9 - Индустрија, иновација, инфраструктура.

SDGs.jpg

Повеќе за целите може да прочитате тука и тука.