Често поставувани прашања

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОЛНЕЊЕ
  1. Како се врши полнење на полначите на ЕВН?
  •  Полначите може да се користат со ЕВН картичка за полнење  или преку плаќање со кредитна картичка. Подетални инструкции за начинот на полнење тука.
  1. Колку време е потребно за полнење на мојот автомобил?
  • Времетраењето на полнење зависи од неколку фактори, вклучувајќи го типот на возилото и околностите во кои се полни. Просечно AC полнење  трае околу 3 до 4 часа, а доколку полнењето е на DC полнач, трае од 20 до 40 минути. 
  • Клучни фактори кои влијаат на времето на полнење се:
    • Тип на полнач – AC (наизменична струја) или DC (директна струја)
    • Капацитет и состојба на батеријата пред полнењето
    • Моќност на вграден преобразувач (онборд-чарџер) на возилото (важи за АС полначи )
    • Температурни услови – Надворешната температура и температурата на самата батерија можат да влијаат на ефикасноста на полнењето
  1. Дали хибридно возило може да се полни на полначите на ЕВН?
  • Хибридно возило може да се полни на ЕВН полначите, само доколку станува збор за приклучен или т.н. “plug in” хибрид, односно доколку возилото има опција за полнење и поседува соодветен кабел со соодветен приклучок.
  1. Дали можам да полнам електричeн моторцикл или скутер на станиците за полнење?
  • Иако станиците за полнење се примарно наменети за електрични возила, за Тип 2 AC приклучоците, постои адаптер кој овозможува конверзија во стандардна 220V шуко приклучница. Овој адаптер овозможува полнење на електрични мопеди, скутери или други лесни електрични возила кои користат обичен полнач преку конвенционална електрична енергија.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ И НАПЛАТА
  1. Како се наплаќа полнењето?
  • Доколку полнењето е извршено со ЕВН картичка за полнење, согласно договорот, на крајот од месецот корисникот добива фактура согласно актуелните тарифи.
  • Доколку полнењето е извршено со платежна картичка, плаќањето е онлајн, а фактура од сесијата за полнење ќе биде доставена на соодветната е-mail адреса.
  1. Колку чини едно полнење на ЕВН полначите?
  • Цената на полнењето зависи од начинот на плаќање, кое може да биде со ЕВН картичка или директно плаќање, како и од типот на полнач кој се користи, дали е AC или DC брз полнач. Конечната цена се утврдува согласно количината на потрошена енергија (kWh) и времетраење на полнењето. Повеќе информации може да добиете тука.
  1. Дали полнењето со ЕВН картичка ги вклучува трошоците за паркирање?
  • Моменталната услуга не вклучува трошоци за паркирање доколку тоа не е конкретно наведено. Потребно е да ги следите правилата поставени од локалната управа на паркиралиштата.
  1. Како да добијам фактура за полнењето?
  • Фактурирањето на услугата зависи од начинот на плаќање:
    • При користење на ЕВН картичка, фактурите се издаваат на месечно ниво и се испраќаат на вашата е-пошта.
    • При директно плаќање, фактурата се генерира веднаш по завршувањето на полнењето и се испраќа на е-поштата наведена при процесот на плаќање.
  • Доколку не сте ја добиле Вашата фактура контактирајте не на [email protected] или на 0890 12345.
  1. Дали треба резервираните средства да ги искористам во целост?
  • При користење на услугата со директно плаќање, средствата не мора да се искористат во целост. Се наплаќа износот согласно наполнетата енергија, а остатокот автоматски се ослободува.
ЕВН КАРТИЧКА ЗА ПОЛНЕЊЕ
  1. Како до картичка за полнење?
  1. Кој може да поседува ЕВН картичка за полнење?
  • ЕВН картичка може добие било кое физичко лице или компанија што поседува електрично возило и е резидент на Република Македонија со постојана адреса во земјата и македонски единствен матичен број. За да добиете ЕВН картичка за полнење задолжително треба да се пополни барање за издавање на картичка.​
  1. Колку време трае постапката за добивање на ЕВН картичка?
  • При добивање на потпишан договор, картичката се изработува во рок од 7 дена и се испраќа по пошта до корисникот заедно со договорот. На барање на корисникот картичката може и лично да се подигне.
e-mobiliti_cpp.jpg

ТИПОВИ ПОЛНАЧИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
  1. Кој тип на приклучок се полначите кои ги поседува ЕВН?
  • Полначите кои се инсталирани од страна на ЕВН се со приклучок Тип 2, CCS и CHAdeMO.
  1. Која е разликата помеѓу Тип 2, CCS и CHAdeMO конектор?
  • Тип 2 претставува модел на приклучок што е унифициран на ниво на Европска Унија за т.н спори полнења. Компатибилен е со обични и брзи станици за полнење.
  • CCS претставува модел на приклучок унифициран на ниво на Европска Унија за т.н брзи полнења.
  • CHAdeMO претставува модел на приклучок кој најчесто се среќава кај јапонските и азијските производители на возила. Се користи за т.н брзи полнења и не е компатибилен со AC полначи. 
  1. Која е разликата помеѓу AC и DC полнач?
  • ​AC и DC се однесува на видот на струја која полначот ја користи за да го полни возилото, тоа се наизменична струја и директна струја, соодветно. Бидејќи електричните возила складираат енергија во DC формат, DC полначите директно ја полнат батеријата постигнувајќи висок капацитет на полнење, додека преку AC полначите, најчесто брзината на полнење е ограничена од моќноста на преобразувачот на возилото.
  1. Со колкава моќност се инсталираните полначи?  
  • ЕВН на територија на Македонија има инсталирано полначи со моќност од 22 kW (за полнење на едно возило), полначи со моќност од 2x22 kW (каде истовремено можат да се полнат две возила) и брзи полначи со моќност од 150 kW (CCS), 100 kW (CCS) и 50 kW(CHAdemo).​
  1. Дали ми е потребен кабел за полнење?
  • Потребата од кабел зависи од типот на полначот:
    • AC полначите се опремени со Тип 2 утичници, при што за полнење е неопходен Тип 2 кабел, кој најчесто доаѓа со возилото.
    • DC полначите располагаат со интегриран кабел, овозможувајќи директно поврзување без потреба од дополнителна опрема.
ЛОКАЦИИ И ДОСТАПНОСТ
  1. На кои локации се наоѓаат електричните полначи?
  • Деталната мапа на локации погледнете ја тука.
ПРИЈАВУВАЊЕ ПРОБЛЕМИ И КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА
  1. Како можам да пријавам проблем?  
  • За да пријавите проблем со станицата или процесот на полнење слободно контактирајте не на [email protected] или на 0890 12345.
  1. Полнењето не започнува – како да постапам?
  • Ако сте сигурни дека вашите информации за плаќање се точни, проверете дали кабелот е добро приклучен во приклучницата. Кога кабелот не е добро приклучен полначот не може да искомуницира со вашето возило.
    По приклучување на кабелот, полначот покажува дека е зафатен и не започнува со полнење.
    При користење на полначите од голема важност е да се почитуваат чекорите за полнење, кои може да ги најдете тука. Секое приклучување на кабелот пред да се иницијализира полнење му кажува на полначот дека приклучокот е зафатен. Секогаш приклучувајте го возилото по иницијализирање на полнењето.​
  1. Направена е резервација на средства за започнување на полнење меѓутоа сесијата не започна. Како да ги ослободам средствата?
  • Неуспешните сесии без полнење не се наплаќаат, но средствата се задржуваат од банката се додека не се направи трансакција. Бидејќи нема наполнета енергија врз основа на која може да се направи трансакција, овие средства можат да останат резервирани од една недела до најмногу еден месец, зависно од политиката на вашата банка. Ве молиме да ја контактирате вашата банка за забрзување на процесот.
  1. Возилото има наполнето помалку енергија отколку што е покажано на станицата. Зошто?
  • При полнење на електрично возило, секогаш постои одредена разлика помеѓу количината на енергија што ја испорачува полначот и онаа што се складира во батеријата. Оваа разлика обично е резултат на:
    • Загуби во каблите и конекторите (отпор кој предизвикува минимални загуби при преносот на енергија).
    • Работа на системот за ладење/грејач на батеријата, кој се активира за оптимизација на полнењето.
    • Ефикасноста на електронските компоненти, кои трошат мала количина на енергија за управување со процесот.
  • Ова е нормален процес и се случува кај сите полначи. Дополнително, разликата во потрошената енергија може да варира во различни околности. На пример, во зависност од надворешната температура и состојбата на батеријата можно е во некои случаи да биде активен системот за ладење или греење (топлотната пумпа), додека во други не. Тоа може да резултира со различна ефикасност и различни загуби при полнењето.
  1. Како да постапам кога несоодветно возило го блокира паркинг местото за електрични возила?
  • Паркинг местата на станиците за полнење се наменети само за електрични возила и забрането е нивно користење од страна на корисници на конвенционални возила.Ве молиме контактирајте со локалната управа на паркиралиштето за погрешно паркирано возило. Локалните управи на паркиралиштата имаат инструкции како да се постапи во таков случај.