Како се врши полнење на полначите на ЕВН? Полначите може да се користат со ЕВН картичка за полнење или преку плаќање со кредитна картичка. Подетални инструкции за начинот на полнење тука. Како се наплаќа полнењето? Доколку полнењето е извршено со ЕВН картичка за полнење, согласно договорот, на крајот од месецот корисникот добива фактура согласно актуелните тарифи. Доколку полнењето е извршено со кредитна картичка, фактура од сесијата за полнење ќе биде доставена на е-mail адресата наведена во чекорот за наплата. Како до картичка за полнење? Пополнете барање онлајн тука или пак обратете се во Инфо центарот на ЕВН (ГТЦ приземје) или во најблискиот Кориснички Енерго Центар (КЕЦ). Кој може да поседува ЕВН картичка за полнење? ЕВН картичка може добие било кое физичко лице или компанија што поседува електрично возило и е резидент на Република Македонија со постојана адреса во земјата и македонски единствен матичен број. За да добиете ЕВН картичка за полнење задолжително треба да се пополни барање за издавање на картичка. Кој тип на приклучок се полначите кои ги поседува ЕВН? Полначите кои се инсталирани од страна на ЕВН се со приклучок Тип 2, CCS и CHAdeMO. 6. Која е разликата помеѓу Тип 2, CCS и CHAdeMO конектор? Тип 2 претставува модел на приклучок што е унифициран на ниво на Европска Унија за т.н спори полнења. Компатибилен е со обични и брзи станици за полнење. CCS претставува модел на приклучок унивициран на ниво на Европска Унија за т.н брзи полнења. CHAdeMO претставува модел на приклучок кој најчесто се среќава кај јапонските и азијските производители на возила. Се користи за т.н брзи полнења и не е компатибилен со AC полначи. На кои локации се наоѓаат електричните полначи? Детална мапа на локации тука. Со колкава моќност се инсталираните полначи? ЕВН на територија на Македонија има инсталирано полначи со моќност од 22 kW (за полнење на едно возило), полначи со моќност од 2x22 kW (каде истовремено можат да се полнат две возила) и брзи полначи со моќност од 150 kW (CCS), 100 kW (CCS) и 50 kW(CHAdemo). Дали хибридно возило може да се полни на полначите на ЕВН? Хибридно возило може да се полни на ЕВН полначите, само доколку станува збор за приклучен или т.н. “plug in” хибрид, односно доколку возилото има опција за полнење и поседува соодветен кабел со соодветен приклучок.